Во неделата некаде околу 22:45 часот на крстосницата помеѓу илиците „Тодосија Паунов“ и „Никола Вапцаров“ се случи сообраќајна несреќа по која едно лице се здобило со потешки повреди а останатите четири со полесни.

До несреќата дошло кога ПМВ „БМВ“ со Кочански регистарски таблички управувано од Г.М (22) од село Прибачево од засега непознати причини удрило во бетонски ѕид.

Во возилото освен возачот имало уште четири лица од кои едното родено 1996 година, другото 1997 година а преостанатите двајца родени 1998 година.

Со тешки телесни повреди се здобила 18-годишна девојка од Кочани која поради сериозноста на повредите со Брза Помош е пренесена во Ургентен Центар во Скопје. Останатите четири патници се здобиле со лесни телесни повреди и задржани се на посматрање во „Медицински центар“ во Кочани.

Со овластување, на местото на настанот е излезен Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кочани.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари