„Рудар“ од Пробиштип е екипата која се погрижи во 4-тото коло целосниот плен да не им припадне на домаќините откако во Струмица освоија бод против хитот на првенството „Тиверија“.

На останатите пет натпревари домаќините славеа а на натпреварот во Кочани („Осогово“ – „Брегалница Голак“) кој беше прекинат во 86’ исто така домаќините имаа водство од 1:0.

Во ова коло екипата на „Овче Поле“ ја извојувана досега највисоката победа од четиринаесет голови разлика, „Беласица“ и „Плачковица“ лесно дојдоа до трите бода, а „Каменица Саса“ се измачи додека не ја совлада мошне жилавата екипа на „Напредок Здравје“.

Комплетни резултати од 4-тото коло:

„Осогово“ – „Брегалница Голак“ – 1:0 (прекината во 86’)

„Каменица Саса“ – „Напредок Здравје“  3:2

„Овче Поле“ – „Бирлик Конче“  15:1

„Плачковица“ – „Малеш“  4:0

„Работник“ – „Василево“  2:0

„Тиверија“ – „Рудар“  2:2

„Беласица“ – „Гит Го Пехчево“  6:1

На табелата со максимален број на освоени бодови 12 води екипата на „Беласица“ (23:02), пред „Овче Поле“ (20:03) и „Плачковица“ (08:02) со по 9, „Тиверија“ (08:06) и „Работник“ (04:04) со по 7, „Малеш“ (14:09)., „Напредок Здравје“ (10:05), „Каменица Саса“ (06:08) и „Кит Го Пехчево“ (04:07) со 6,  „Осогово“ (натпревар помалку), „Слога 1934“ (02:06) и „Василево“ (03:13) со по 3, „Брегалница Голак“ (натпревар помалку) и „Рудар“ (02:11) со 1 и „Бирлик Конче“ (05:12) без бодови.

Слободна во ова коло беше екипата на „Слога 1934“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари