Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Еко-Пак Хит“ од Кочани, ја подржува и се приклучува кон најголемата еко акција „Македонија без отпад 2016“, организирана од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.

Акцијата ќе се одржи на 1-ви Октомври 2016 година (Сабота) со почеток во 09:00 часот на локацијата кај „Градскиот панаѓур“ во Кочани.

Кон акцијата се приклучува и Друштвото за производство, трговија и услуги „Екопроект-КО ДОО“ од Кочани.

Целта на акцијата е да се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад, како и развивање на свеста за правилно управување со отпад и зачувување на животната средина.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари