Чудо се случи во Кочани. Чуден резултат беше постигнат на денешната средба „Брегалница“ – „Македонија ГП“, но според играта што ја видовме за сите деведесет минути и не е толку чуден, бидејќи „домаќините“ речиси не покажаа ништо. Повеќе се расправаа со судијата Мантев и неговите помошници отколку што мислеа како да го загрозат голот на денес сигурниот Кандикјан.

Од самиот почеток беше јасно дека гостите се дојдени во Кочани за да се бранат и да дојдат до поволен резултат. Така и играа за време на целиот натпревар, ја држеа топката се повеќе во своите нозе а кога ќе им се дадеше шанса напаѓаа кон голот на Кобетиќ.

DSCN5114

Резултатот беше откриен во 15’. Велинов прими една топка на 7-8 метри од гостинскиот гол, убаво ја смири а потоа со одмерен удар ја доведе „Брегалница“ во водство. Уште не беше стивната радоста на трибините а резултатот веќе гласеше 1:1. По една одлично нафрлена топка од десната страна натрча Јашароски и со одмерен удар со глава го матираше Кобетиќ.

И тоа беше се во првото полувреме. Вторите 45 минути поминаа во повеќе расправии на теренот отколку што се играше фудбал. Во 75’ Велковски погреши, гостите организираа контра а по додавањето во празен простор на Јашароски не му беше тешко од само 2-3 метри ја упати топката во празната мрежа.

DSCN5122

Водството на гостите внесе додатна нервоза кај играчите на „Брегалница“ а по еден прекин домашниот играч Илијев заработи директен црвен картон. Во 82’ минута спорен момент на натпреварот. По една нафрлена топка Костов асистираше на Бразилецот нерес и топката заврши во мрежата на Кандикјан, и додека домаќините се радуваа помошникот Гонев го држеше подигнато знаменцето сигнализирајќи офсајд. Убедувањата на домашните играчи да ја смени одлуката не вродија со плод. Неколку минути подоцна Јуксел Јесилова протестираше на една судиска одлука по што Мантев му го покажа патот кон соблекувалната.

До крајот на натпреварот гостите знаеја да ја сочуваат топката и со подигнати раце да го напуштат стадионот „Никола Мантов“.

С. Ивановски

DSCN5512

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари