Извор: Дневен билтен на МВР, од 29.09.2016 година.

На 28.09.2016 година во СВР Штип, Ј.Ј. (48) од Р.Турција, тренер на  ФК „Брегалница“-Штип пријавил кривично дело „насилство“ сторено од И.К. од Штип.

Имено, околу 17:30 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, додека пријавителот се движел со ПМВ „Порше“ со романски регистарски ознаки, кое го управувала неговата сопруга М.Г.А., а во кое како сопатници биле уште две лица од кои едното е деветгодишно дете, пред нив се движело ПМВ „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки кое константно ја намалувало брзината и не дозволувало да биде поминато.

Во с.Крупиште ПМВ „Мерцедес“ нагло застанало и од него излегле возачот И.К. од Штип – потпретседател на ФК Брегалница и совозачот М.М. – претседател на ФК Брегалница. И.К. од багажникот на возилото извадил метален предмет-хебла и се упатил кон нивното возило.

Ј.Ј. излегол од возилото  по што И.К. замавнал и го удрил со хеблата во пределот на левата рака и десната нога.

Обидувајки да се одбрани, настанала меѓусебна турканица, по што и двајцата паднале во каналот покрај коловозот. Останатите од возилото на пријавителот се уплашиле и останале во истото се до доаѓањето на полициските службеници.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип, а пријавителот и пријавениот се упатени на лекарски преглед, при што и кај двајцата се констатирани телесни повреди.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител. Во СВР Штип бил извршен разговор со И.К. и со очевидци на настанот.

По целосно комплетирање и документирање на кривично правниот настан ќе следи соодветен поднесок.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари