Романот „Утринска молитва“ дело на стружанецот Петко Шипинкароски, денес доживеа промоција во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра„ во Кочани.

Како што истакна авторот во своето обраќање, романот бил посветен на сите оние кои биле заробени, загушени и изгорени во печките на злогласните концентрациони логори, како и на сиот мирољубив еврејски народ.

Инаку за време на промоцијата на романот „Утринска молитва“ за творештвото на Шипинкароски и неговото дело свое обраќање имаа Христо Петревски и Васил Тоциновски.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари