Општина Кочани за студиската 2016/2017 година ќе додели стипендии за студенти од Општина  Кочани, од кои една на студент од Ромската етничка заедница, во согласност со Правилникот за доделување на стипендии на студенти од Општина Кочани бр.01-2503/1 од 02.10.2012 година, Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од Општина Кочани бр.08-2548/1 од 12.11.2013 година и Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-1910/1 од 17.09.2014 година, објавени на веб страната на Општина Кочани.

Право на стипендија имаа студентите кои се: жители на Општина Кочани, државјани на Република Македонија, редовни студенти, не повторувале година во текот на студирањето и не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании.

Крајниот рок за поднесување на документите е 17.10.2016 година, а истите треба да се достават на „Едношалтерската канцеларија“ на Општина Кочани или по пошта на адресата: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ број 1 – Кочани.

Постапката за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани за студиската 2016/2017 година ќе се спроведе во согласност со условите утврдени во Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.01-2503/1 од 02.10.2012 година, Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од Општина Кочани бр.08-2548/1 од 12.11.2013 година и Правилник за изменување на Правилникот за доделување на стипендии на студенти од општина Кочани бр.08-1910/1 од 17.09.2014 година, објавени на веб страната http://www.kocani.gov.mk/ на Општина Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари