Во присуство на 230 ученика од 12 паралелки од прво до четврто одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Виница, компанијата „Еко-пак Хит“ од Кочани организираше едукативна кампања на тема „Биди модерен – селектирај паметно“.

Во секоја од паралелките беа одржани по 2 (два) часа, од кои на првиот беше одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов „Биди модерен – селектирај паметно“, а на вториот час беше спроведена интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување.

Целта на одржаните часови беше да се едуцираат учениците за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Учениците исто така да го научија и правилното искористување на контејнерите во боја, како и процесот на рециклирање, неговиот опис и значење.

2

Сите паралелки од прво до четврто одделение од организаторот на работилницата беа наградени со Пофалници, а училиштето доби Благодарница за учество во едукативната програма.

По успешно спроведената работилница, претставник од компанијата „Еко-Пак Хит“ го посети училиштето и на најуспешните одделенија во собирање на пластичен отпад им врачи донации: фудбалски топки како и производи од компанијата „Макпрогрес“ од Виница.

С. Ивановски

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари