Во организација на Здружението „Ајде Македонија“ денес на три локации во Кочани беше реализирана националната акција „Македонија без отпад 2016“.

Во акциите кои беа спроведени кај Панаѓурот, Фабриката за вода и кај Колерски гробишта освен вработени од КЈП „Водовод“, од Општина Кочани и од компанијата „Еко-Пак Хит“, беа вклучени и членови на невладини и други организации.

Кај Панаѓурот беа собрани повеќе кеси на отпаден материјал кој пред почетокот на акцијата беше расфрлан на сите страни.

Според она што го дознаваме акцијата и на другите локации била мошне успешно спроведена.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари