Со головите на Здравков и Тодоров во првото полувреме и Јанев и Тодоров во второто, екипата на „Осогово“ ја забележа и втората едноподруго победа во годинешното првенство на Третата Фудбалска Лига – Исток.

Инаку во 5-тото коло од годинешното првенство еден натпревар е оправдано одложен („Малеш“ – „Беласица“) и е презакажан за во Вторник, на еден натпревар не се појавија домашните играчи „Конче Бирлик“ – „Слога 1934“, а дерби натпреварот „Брегалница Голак“ – „Овче Поле“ одигран во Делчево заврши без победник исто како и натпреварот „Василево“ – „Тиверија“.

Интересни натпревари беа одиграни и во Радово и во Пехчево. Во Радово екипата на „Плачковица“ беше преголем залак за забревтаниот „Напредок Здравје“, а во Пехчево домаќините славеа против „Работник“.

Резултати на непотполното 5-то коло:

„Рудар“ – „Осогово“  0:4

„Брегалница Голак“ – „Овче Поле“  2:2

„Василево“ – „Тиверија“  1:1

„Кит-Го Пехчево“ – „Работник“  3:2

„Напредок Здравје“ – „Плачковица“  0:2

„Бирлик Конче“ – „Слога 1934“ – домаќините не истрчаа на теренот.

„Малеш“ – „Беласица“ – одложено

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари