Врз основа на одобрението добиено од Општина Кочани бр.03-322/1 од 20.09.2016 год. КЈП „Водовод“ Кочани, ја објавува следната:

О Б Ј А В А

I. Во периодот од 19.10.2016 до 23.10.2016 год. (среда, четврток, петок, сабота и недела) ќе се одржи традиционалниот Кочански панаѓур.

II. Организатор на панаѓурот е КЈП „Водовод“ Кочани.

III. Локација на панаѓурот е просторот на КП бр.15493/1, КП бр.15493/2, на дел од ул.Скопска, дел од ул.Скопска што граничи со КП бр.15493/2 и дел од ул.4-та Македонска бригада.

IV. На панаѓурот ќе можат да изложуваат свои стоки сите општествени и приватни правни лица, малостопанственици, како и индивидуални производители на стока.

V. Висината на надоместокот за користење на јавните површини ќе изнесува:

–  за I (прва) зона 2.000,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електричната енергија),

–  за II (втора) зона 1.500,00 ден. за 1(еден) метар должен (со вклучена електричната енергија),

– з а закупците на бараките (со просторот пред нив), 20.000,00 ден. (со вклучена електричната енергија), и

–  за закупците на просторот за забавниот парк и игри 200,00 ден. од м2.

VI. Плаќањето на надоместокот ќе се врши на жиро сметка на КЈП „Водовод“ Кочани – 300050000008715 при Комерцијална банка или на благајната во КЈП „Водовод“ Кочани.

VII. Подетални информации можат да се добијат во Управата на КЈП „Водовод“ Кочани.

Напомена: Организаторот – КЈП „Водовод“ Кочани се иззема од секаква одговорност до колку се врши контрола од страна на инспекциските служби (санитарна, пазаришна и даночна инспекција).

КЈП „Водовод“ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари