Во присуство на дечиња од Детската Градинка „Павлина Велјанова“ денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се реализира една од неколкуте планирани активности со кои ќе биде одбележана „Недела на детето“.

Со проектот „Јас ги познавам своите права“ чиј Координатор е Магдалена Кочовска Салтирова, денес на дечињата од сите клонови на ДГ „Павлина Велјанова“ им беше одржана едукативна работилница.

Целта на работилницата беше да се зголеми свесноста кај дечињата за нивните права како и заштита од злоупотреба на истите.

Активностите продолжуваат со проектот „Книгата патува во домот на секое дете“.

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари