Со цел да го заштитат својот мир повеќе од 160 граѓани кои живеат во околината на Џамијата во Кочани поднеле петиција со која се обратиле до Градоначалникот, до Советот на Општина Кочани, до инспекторот за животна средина и до МВР.

Целта на петицијата е исклучиво само поради гласноста на звучниците за време кога пее оџата. Тие сметаат дека со гласноста им се нарушува правото на мир и не само на нив туку и на дечињата кои ја посетуваат детската градинка што се наоѓа во непосредна близина.

Како што истакнуваат бучавоста според нивните мерења изнесува 85 децибели иако истата е ограничена и нејзиниот максимум би требало да се движи помеѓу 45 и 55 децибели.

Подносителите на петицијата апелираат да не бидат погрешно сфатени, бидејќи како што истакнуваат тие немаат ништо против верскиот објект „Џамијата“, ниту пак против нивните сограѓани од исламската вероисповед туку исклучиво против преголемата бучавост што доаѓа од  звучниците.

Се очекува проблемот да биде решен од надлежните и тоа на мирен начин без да биде оштетена некоја од засегнатите страни.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари