Заменик-амбасадорот на Холандија, Андри ван Менс ја посети Општина Кочани. На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски разменија мислења за досегашните и можностите за идните инвестиции во Кочани.

„Имавме конструктивен разговор што можеме заеднички да сториме за проширување на соработката. Разговаравме за четирите холандски компании коишто веќе се присутни во Кочани и ги понудивме нашите капацитети во делот на геотермалните води, туризмот и другите ресурси што ги има општината на располагање. Очекувам оваа соработка да продолжи интензивно, онака како што течеше последниве три-четири години“ изјави по средбата градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.

DSCN6012

„Ние ги посетуваме холандските компании што се во земјата. Самото тоа што има четири големи холандски компании како инвеститори во Кочани, кои вработуваат повеќе стотици работници е знак дека има потенцијал за соработка во повеќе сфери. Се радувам на можностите за понатамошна соработка, повторно да се видиме со градоначалникот и да се отворат нови можности за соработка на холандски и македонски компании“ соопшти Андри ван Менс, заменик-амбасадор на Холандија во Република Македонија.

DSCN6035

Досега во Кочани работи компанијата „Антура“ – технолошки високософистицирана лабораторија за производство на украсни цвеќиња – орхидеи, потоа текстилната фабрика „Вима Фешн“ којашто започна со работа во Септември 2015 година, а пред старт со работа е компанијата „Нидо глобал текстил“ чија дејност ќе биде шиење на заштитна облека, мебел-штоф и сл. Најновата холандска компанија во Кочани е „Герлофс“, која кон крајот на годината ќе започне со услуги за климатизирање и вентилација на големи објекти и изработка на големи ладилници.

DSCN6033

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари