На 03.10.2016 година по наредба на ОС-Кочани, од страна на полициски службеници од НККР-Кочани извршен бил претрес во дом и помошни простории на лицата: Н.Г. (1994) од Кочани во Оризари и А.М.(1995).

При претресот во домот на Н.Г., пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземено е: 12 стебла од растението „канабис“, непозната прашкаста материја со бела боја, непозната растителна материја со зелена боја, рефлектор, вага, стаклено шише наполнето со непозната течност, алуминиумска фолија, прскалка со шише за наводнување и шест ароматици за наргиле. Во неговиот дом затекнат бил и М.В. од с.Прибачево, со кој заедно уживале „џоинт“.

При претресот во домот на А.М., пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземено е: непозната растителна материја, четири семки најверојатно од марихуана.

Трите горенаведени лица се лишени од слобода, направен е разговор и се нарко тестирани. Истите се задржани во ПС-Кочани за понатамошна постапка.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари