Во организација на Планинарскиот Клуб „Плавица“ од Пробиштип за време на викендот се одржа планинарски марш на кој како гости учествуваа и членови на ПСД „Осогово“ од Кочани.

Маршот започнал од пред манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ за да по пропешачени 11 километри заврши кај манастирот „Св. Спиридон“.

Во знак на убаво поминатиот ден и успешноста на маршот Претседателот на ПК „Плавица“ Страшко Милошевски во рибникот „Злетовица“ за сите гости организираше ручек за време на кој им беа доделени и Благодарници.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари