Со натпреварот „Малеш“ – „Беласица“ 1:3 (0:0) што се одигра во Вторникот се комплетира 5-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. Колото ќе биде забележано по тоа што за прв пат од почетокот на првенството судиите не ги вмешаа прстите и дозволија се регуларно да заврши.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го чекаа дерби на колото во Делчево, „Брегалница Голак“ – „Овче Поле“ од причина што однапред се знаеше дека струмичките и штипските судии ќе го избегнат овој дуел. „Паричката“ се падна на кочанска судиска тројка предводена од Драган Јаневски и неговите асистенти: Игор Богатинов и Мики Пецов. Иако гостите до посакуваниот бод дојдоа во последната минута сепак судењето на оваа судиска тројка доби највисоки оценки не само од службените лица, туку и од двете екипи и гледачите.

Па ваквото судење се потврдија нашите претпоставки дека некој намерно не ги делегира чесните и авторитетни судии. Но за тоа во некоја наредна пригода.

Комплетни резултати од 5-тото коло:

„Рудар“ – „Осогово“  0:4

„Брегалница Голак“ – „Овче Поле“  2:2

„Василево“ – „Тиверија“  1:1

„Кит-Го Пехчево“ – „Работник“  3:2

„Напредок Здравје“ – „Плачковица“  0:2

„Бирлик Конче“ – „Слога 1934“ – домаќините не истрчаа на теренот.

„Малеш“ – „Беласица“  1:3

Екипата на „Каменица Саса“ беше слободна

На табелата со максимален број на бодови 15 води екипата на „Беласица“ (26:03), пред „Плачковица“ (10:02) со 12, „Овче Поле“ 10, „Осогово“ (12:05) и „Кит Го Пехчево“ (07:09) со 9,  „Тиверија“ (09:07) 8, „Работник“ (06:07) 7, „Малеш“ (15:12), „Напредок Здравје“ (10:07), „Слога 1934“ (05:06) и „Каменица Саса“ (06:08) со 6, „Василево“ (04:14) со 4, „Брегалница Голак“ (04:11) со 2, „Рудар“ (02:15) 1 и „Бирлик Конче“ (05:32) без бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари