Пред точно четири години една обична количка за обележување на фудбалскиот терен во Кочани, донирана од Асоцијацијата „Алзас-Македонија“ (АЛМА) ја смени фудбалската историја на Кочани и ги понижи фудбалските работници.

Инаку донацијата тогаш беше дел од проектот за собирање на веќе употребени и репарирани такви колички во Алзас (Франција) кои се користеле а и кои кај нас требаше да се користат за обележување на фудбалскиот терен.

Кочани, особено спортско Кочани не памти такво гламурозно доделување на некаква донација.

На теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани освен гостите од Франција и од Франкофонскиот Круг од Скопје на церемонијата на свеченото доделување присуствуваа и Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, наставници и ученици од ОУ „Никола Карев“, претставници од ОФС – Кочани, „Петлињата“ на ФК „Кочани“, екипата на ЖФК „Кочани“, медиумите, а единствено дали намерно или не беше заборавен училишниот хор на ОУ „Никола Карев“ кој ќе требаше да ги испее химните на Македонија и на градот домаќин.

P2770324

Поминаа четири години од понижувањето на фудбалско Кочани, понижување со кое некои профитираа, заминаа во Франција на фудбалски турнир со екипата на ЖФК „Кочани“, се прошетаа и уживаа играјќи некаков фудбал по нови правила и нови димензии на теренот.

По објавувањето на веста за оваа „грандиозна“ донација, количката како се појави, така и исчезна, но сепак останаа фотографиите со кои фудбалските работници од Кочани по чија заслуга беше добиена донацијата ќе се гордеат а и ќе има што да им раскажуваат на своите поколенија.

Со ова сакаме уште еднаш да ги потсетиме и да им оддадеме благодарност на сите оние кои допринесоа спортско Кочани во 21-виот век да добие донација со која ќе може да се обележува фудбалскиот терен, како истиот дотогаш никако да не беше обележуван.

С. Ивановски

P2770332

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари