Денес и официјално започнаа натпреварите во Првата пингпонгарска лига на Македонија.

По два неуспешни обиди во претходните две првенства, конечно денес на отворањето на сезоната во Кочани, падна незгодната екипа на „Мултитекс“ од Битола.

Имено „Кочани“ и „Мултитекс“ и во претходните две првенства играа во првото коло, еднаш во Втората и минатата сезона во Првата лига, и во двата натпревари иако кочанчани водеа со 4:1 на крајот губеа со 5:4.

Но сето тоа сега е минато. Денес „Кочани“ го совлада „Мултитекс“ со 5:1 и ги прокнижи првите бодови во годинешното првенство.

По две победи за кочанскиот прволигаш извојуваа Тодосиев и Ефремов а една победа донесе Христов.

С.Ивановски

1

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари