Со добивањето на Решението од МЖСПП на Р.Македонија за прогласена природна реткост на платанови стебла (Platanus orientallis) во с.Мородвис продолжуваат активностите од вториот дел на проектот „Заштита и промоција на група платанови стебла во село Мородвис“ кој ЗГ „Движење за одржлив развој“ – Кочани со поддршка од Општина Зрновци го спроведува во рамките на „Програма за зачувување на природата во Македонија“, како дел од програмската активност за директна поддршка на локалните заедници и единиците на локалната самоуправа во нивните напори за зачувување на природата и примена на принципите на одржлив развој.

Во тековниот период изготвен е Елаборат за добивање на мислење од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за спроведување на заштитни мерки со поткастрување на трули и оштетени гранки и нивно премачкување со заштитни средства, како и уредување на просторот околу дрвјата.

За поднесениот елаборат добиено е позитивно мислење од страна на МЖСПП на Р.Македонија и со ова практично и е започната втората фаза од проектот кој се планира да заврши до средината на месец Октомври. Изработени се промотивните флаери и едукативна брошура која е наменета за детска возраст, а како заокружување на активностите предвидено е одржување на едукативно предавање во вид на теренска работилница/прошетка со ученици од Општина Зрновци и Кочани преку посета на местото во с.Мородвис и запознавање со оваа природна реткост од нашиот крај.

Сите активности се во координација помеѓу ЗГ „Движење за одржлив развој“ – Кочани, Општина Зрновци и ПЗП.

Проектот ќе придонесе за заштита на уште една природана реткост во Република Македонија како и промовирање на природните убавини на пошироката јавност.

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“ и „Фармахем“ со цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните еко системи преку промоција на нивното одржливо користење и управување.

Согласно предвидената активност Ве покануваме на ден 14.10.2016 год. (Петок) да бидете дел од завршната активност во село Мородвис со почеток од 13:00 часот.

ЗГ Движење за одржлив развој Кочани

P3390906

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари