Генералниот Директор на Акционерското друштво за „Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“ од значење за Републиката – Скопје, г-дин Цветко Грозданов во периодот кој следи ќе остварува средби со жителите од подрачјата на Подружниците на Акционерското Друштво.

На овие средби, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат поблиску со станбената политика на Друштвото во насока:

– Изградба на станови наменети за социјално ранливи групи;

– Издавање на станови, сопственост на Република Македонија (станови наменети за социјално ранливи групи);

– Откуп на станови, сопственост на Република Македонија, од различни категории (општествени станови, станови кои се користат од лица без соодветен акт за доделување и користење на станот, станови градени по Програма за лица со ниски приходи ФП 1340, станови кои се користат со решенија за закуп со право на откуп);

Продажба на комерцијални станови (локација, цена, начин и постапка за продажба).

Воедно, граѓаните кои за заинтересирани да закупат или откупат деловен простор, сопственост на Република Македонија, а со кој стопанисува Акционерското друштво ќе можат да се запознаат со:

– Слободни деловни простории за издавање под закуп (постапка за издавање под закуп, почетна цена, времетраење на договорот за закуп, услови и можност за продолжување на договорот за закуп);

– Слободни деловни простории наменети за продажба (постапка за продажба, почетна цена).

Се повикуваат сите граѓани, заинтересирани за горенаведените прашања да присуствуваат на средбите и да земат активно учество со свои прашања и предлози за остварување взаемна соработка со Акционерското друштво.

Средбата во Кочани ќе се одржи во просториите на Подрачната Единица – Кочани на ден 17.10.2016 година (Понеделник) во периодот од 11:00 до 13:00 часот.

С. Ивановски

DSCN0615

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари