Четворица членови на Спортско риболовното здружение еколошки клуб „Кочански рибар“ во вчерашниот ден имале навистина добар улов. Во вечерните часови во неделата фатен е крап капиталец со тежина од 13 килограми и еден помал со тежина од 6 килограми..

Уловените крапови се совпаднаа со доделувањето на концесија на езерото „Гратче“ на СРЗ ЕК „Кочански рибар“.

Денес уловот им беше покажан на новинарските екипи а потоа истиот беше пуштен назад во водите на езерото.

DSCN6479

„Рибарското Друштво „Кочански рибар“ постои веќе три години и истото брои околу 300 активни членови. Пред една седмица го добивме езерото „Гратче“ на концесија и веќе ги планираме првите чекори. Најпрвин во Недела планираме сите членови на друштвото да се собереме овде на езерото и да спроведеме акција за чистење на неговата околина. Гледате и самите дека несовесни граѓани фрлале секаков отпаден материјал на брегот а најмногу има пластика, па тоа мора да го исчистиме и да ја вратиме природата во нормала. Инаку планираме во зимскиот период да извршиме и порибување на езерото за да може новата риба да се навикне на условите. Во план е набргу да отпечатиме и специјални брошури во кои ќе бидат сите известени како треба да се негува риболовот на езерото. Ако ние не го сочуваме, тоа самото не може да се чува“ рече Димитар Димитров – Претседател на „Кочански рибар“.

С. Ивановски

DSCN6476

DSCN6487

DSCN6496

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари