По откажувањето на Меморијалниот турнир во борење „Андонов – Колев“ организаторите на културната манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2016“ не седеа со скрстени раце, напротив успеаја сепак да организираат еден спортски настан.

Во Сабота закажан е кошаркарски турнир на кој освен домаќинот „Баскет Дино“ ќе учествуваат и „„Баскет Академија МВП“ (Струмица), „Про Баскет“ (Пробиштип) и „Албатрос (Виница).

Отворањето на турнирот е закажано за во 09:00 часот по кое започнуваат двата полуфинални натпревари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари