Новата станбена зграда „Ламела 2“ која се наоѓа во „Драчевик“ а во која има 43 стана со површина од 35м² до 45м² е целосно завршена.

Зградата е дел од Програмата за „Изградба на социјални станови во Република Македонија“ а крајниот рок за нејзино целосно завршување требаше да биде 17.08.2017 година, но истата е завршена 10 месеци порано.

Деновиве беше извршен интерен технички прием и е даден рок за отстранување на сите мали недостатоци.

Се очекува до крајот на месец Октомври сите недостатоци да се отстранат за да биде извршен „Технички прием“ и да се добие употребна дозвола. Потоа следува пријавување дека објектот е завршен во „Министерството за транспорт и врски“ кои пак ќе распишат Оглас за распределба на становите преку „Министерството за труд и социјална политика“.

Семејствата кои ќе ги исполнат критериумите од огласот потоа склучуваат Договори со АД „Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“ (АДИССДП) во времетраење од 5 години со можност истиот да продолжи.

С. Ивановски

22

33

44

55

66

77

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари