Сакаме да потенцираме за неколку состојби во односите помеѓу групацијата „Деликатес“ и Локалната самоуправа на Општина Кочани. Имено, групацијата „Деликатес“ од 2009 година до денес има изградено и отпочнато со градба над 17.000 м² станбен и деловен простор во вкупна вредност од над 10.000.000 евра со што е најголем поединечен инвеститор во општина Кочани. За реализација на градбите во буџетот на Општина Кочани, по основ на надомест за уредување на градежно земјиште или попознато како комуналии имаме платено како што следува: 1. Објект на улица „Маршал Тито“ бр. 11 на КП 12024/1 (поранешна “Мадера“) платени комуналии 980.000,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 2. Објект на крак на „Маршал Тито“ на КП 12024/2 (поранешна “Мадера“) платени комуналии 506.377,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 3. Објект на улица „Скопска“ бр. 1 на КП 13080 платени комуналии 2.139.347,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 4. Објект на улица „Вера Которка“ на КП 15382/1 (Монополски бавчи) платени комуналии 1.657.341,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 5. Објект на улица „Вера Которка“ на КП 15383/1 (Монополски бавчи) платени комуналии 1.569.556,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 6. Објект на улица „1 Мај“ на КП 15875/4 (населба Валог) платени комуналии 580.633,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 7. Објект на улица „1 Мај“ на КП 15875/5 (населба Валог) платени комуналии 682.262,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 8. Објект на улица „Ленинова“ на КП 13276 платени комуналии 5.301.893,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 9. Објект на улица „Маршал Тито“ бр.97 на КП 13272 платени комуналии 9.380.938,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 10. Објект во изградба на улица „Ленинова“ на КП 13274 (“Чеплен“) платени комуналии 5.333.724,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. 11.Објект во изградба на улица „Иван Иванов Балашо“ на КП 1159 (Касарски Круг) платени комуналии 3.560.636,00 денари, а потрошено од Општина Кочани – 0 денари. За сите погоре наведени објекти, групацијата „Деликатес“ има платено комуналии во вкупна вредност од 31.692.707,00 денари или околу 520.000 евра, а за возврат од страна на Општина Кочани нема вложено ниту едно евро. Покрај овие приходи од комуналии, во вкупната вредност на инвестициите од над 10.000.000 евра, е содржано ДДВ од над 900.000 евра и над 80.000 евра данок на промет од деловни простори, а до скоро Општина Кочани наплатуваше и данок на промет од 3% од нашите купувачи на новоизградени станови, што е надвор од законот. Како резиме, приходите во Општина Кочани од нас како инвеститори се: 520.000 евра од комуналии, 900.000 евра по основ на ДДВ, 80.000 евра по основ на данок на промет, односно вкупно 1.500.000 евра. Во сите договори за уредување на градежно земјиште, се предвидени обврските на Општина Кочани кои треба да ги заврши од нејзина страна. Посебно го потенцираме проблемот со неасфалтирање на крак од улицата „Вера Которка“, а Договорот за уредување на градежно земјиште е склучен уште во 2010 година и платени комуналии 2010 година, кои се наменски за тој објект, а работите никако да отпочнат. Вториот момент на кој сакаме да се осврнеме е уредувањето на градежното земјиште во централниот дел на градот, помеѓу улиците „Ленинова“ и „Маршал Тито“ (зад Пошта). Инвеститорот има изградено објекти за кои има добиено имотни листови и над 90% од становите и деловните простории се веќе вселени. Станарите кои имаат купено паркинг простори, но истите не можат да ги користат поради тоа што од страна на Општина Кочани не е изградена никаква инфраструктура (иако инвеститорот платил за тоа), ниту пак пристапни улици. Сообраќајниот метеж во градот се должи токму од индолентноста на раководните луѓе во Општината на чело со градоначалникот, а не се должи од објектите изградени од нашата групација како инвеститор. Со ова соопштение сакаме само да ја информираме јавноста на односот на Локалната самоуправа спрема најголемиот домашен инвеститор во овој сегмент. Истовремено сакаме јавно да им се извиниме на нашите купувачи дека одредени работи не се во наша моќ. Спремни сме на нашите купувачи да им понудиме секаква правна помош за остварување на нивните права, во однос на било какви правни лекови во односите со Локалната самоуправа. Групација „Деликатес“ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари