ОТВОРЕН УЧИЛИШЕН КЛУБ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИТЕ РОМИ ВО СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“

декември 27, 2022
1 минути

Денеска во СОУ „Гошо Викентиев“ отворен e училишен клуб за поддршка на учениците Роми од средното училиште. За реализација на овој проект обезбедена е училница и компјутерска опрема, со цел полесно совладување на наставниот материјал и полесно извршување на училишните задачи.

Проектот исто така има за цел поголема вклученост на учениците Роми во дуалните паралелки во прва година, што овозможува поголема можност за нивно идно вработување. Оваа година за прв пат е зголемен бројот на ученици Роми во дуалните паралелки, за разлика од минатите години.

Проектот е реализиран со донација на компјутерска опрема од страна на Ве Ефекет, Стокхолм Шведска, Подружница Скопје, а партнер на проектот е ромското граѓанско здружение „Авена“.

Општина  Кочани