Натпреварот од 8-то коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ – „Малеш“ започна со едноминутно молчење во знак на почит кон Димитар Димов – Димче, еден од великаните на кочанскиот фудбал кој неодамна си замина од овој свет.

Љубителите на фудбалот од Кочани оние повозрасните уште се сеќаваат на неговите настапи во „Југ“, „Работник“ и „Македонија“, клубови од Кочани, а од едно интервју со него пренесовме на помладите генерации дека има настапувано и за „Наша Крила“ и „Јединство“ од Земун.

Желба како што тогаш изјави му беше во дресот на „Осогово“ да заигра и неговиот љубимец, внукот Петар. Петар кратко играше за „жолто-сините“, но денес кога сите на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани му оддаваа почит на чичко Димче, неговиот внук Петар беше вториот помошник на натпреварот.

Едноставно некој сакал така да биде.

Нека му е вечна слава на чичко Димитар Димов – Димче.

С. Ивановски

P1280256

P1480241

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари