Полициската станица Кочани најавува дека за време на Кочанскиот панаѓур, од 19 – 23 Октомври, ќе биде воведена времена измена на режимот и условите на сообраќајот на улиците „Скопска“ и „4 Македонска бригада“.

Улицата „Скопска“ кај крстосницата со улицата „4 Македонска бригада“ и улицата „4 Македонска бригада“ ќе бидат исклучиво за движење на пешаци.

Исто така на улицата „Охридска“ сообраќајот ќе се одвива во еден правец и тоа југ-север, поради зголемената фреквенција на возила и заради безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.

Целокупниот сообраќај на возила ќе биде пренасочен по околните улици.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари