Според Дневниот билтен на МВР на 16.10.2016 година (Недела) околу 03:05 часот во Кочани на ул. „Тодосија Паунов“, поточно пред Полициската Станица – Кочани, лицето Б.М. и неговиот седумнаесетгодишен син, двајцата од Кочани, ја загрозиле сигурноста на полициски службеник од Полициската Станица – Кочани, кој вршел редовна работа.

Двајцата го омаловажувале и упатувале сериозни закани по животот и телото на полицискиот службеник, како и кон неговото семејство.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари