Единицата за управување со проектот за третман на отпадните води денеска одржа работна средба во просториите на Општината.

„Во наредниот период консултантска куќа „Ернст Бастлер“ и Партнер АГ од Швајцарија ќе врши евалуација на пристигнатите понуди за проектант и изведувач на проектот. До крајот на овој месец ќе се одлучи која компанија ќе биде изберена за изведување на проектантските, технолошките, градежните, заштитните и другите работи од проектот“ соопшти по средбата Градоначалникот Димитровски, кој е член на Единицата за управување со проектот.

Проектот за третман на отпадни води – Кочани започна да се реализира во октомври 2015 година од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија и „Министерството за животна средина и просторно планирање“. Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица за отпадни води и изградба на колектор долг околу 10 км преку кој ќе се одведуваат отпадните води од Кочани, но и

корпоративен развој на „Водовод“ и кампања за зголемување на јавната свест.

Подобрувањето на системот за отпадни води, ќе придонесе за здрава животна средина, безбедно земјоделско производство, заштита на природните ресурси и забрзување на локалниот економски развој.

unnamed (5)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари