Ако не беше нерешениот резултат во Свети Николе каде „Каменичани“ им одолеаа на нападите на домаќините, во 8-то коло од Третата Фудбалска Лига – Исток во главно очекувани резултати.

Киксот на „Овче Поле“ го искористи „Осогово“ па сега кочанчани се на третата позиција.

Во ова коло лидерот на табелата „Беласица“ со рекордна победа над фенерџијата. Конечно се разбудија и играчите на „Брегалница Голак“, а „Плачковица“ и понатака ги „меле„ своите противници.

Резултати од 8-то коло:

„Осогово“ – „Малеш“  2:0

„Плачковица“ – „Слога 1934“  6:1

„Овче Поле“ – „Каменица Саса“  0:0

„Брегалница Голак“ – „Кит Го Пехчево“  2:1

„Беласица“ – „Конче Бирлик“  24:0

„Тиверија“ – „Напредок Здравје“  2:1

„Рудар“ – „Василево“  2:3

Екипата на „Работник“  беше слободна во ова коло.

На табелата води „Беласица“ (54:03) со 21 бод, пред „Плачковица“ (23:03) и „Осогово“ (20:06) со 18, „Овче Поле“ (33:07) 17, „Каменица Саса“ (20:10) 13, „Кит Го Пехчево“ (10:13) 12, „Тиверија“ (11:13) 11, „Работник“ (08:09) 10, „Малеш“ (19:16), „Брегалница Голак“ (12:13) и „Напредок Здравје“ (12:13) со 9, „Василево“ (09:21) 8, „Слога 1934“ (09:22) 6, „Рудар“ (05:28) 1, и „Конче Бирлик“ (05:73) 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари