Вечерва во партиските простории на НСДП во Кочани се одржа регионален состанок по иницијатива на Горан Мисовски, актуелен пратеник и Потпретседател на партијата.
На состанокот, освен претседателите на Опшинските организации и членовите на Општинските Совети во општините од ИЕ 3, присуствуваа и членови од ИО на кочанскиот огранок на НСДП.
Состанокот го водеше Сашко Стефановски, член на Советот на Општина Кочани и Претседател на ОО на НСДП во Кочани. Пратеникот Мисовски ги запозна присутните со актуелната политичка состојба во државата и со активностите што треба да се превземаат во предизборниот период.
Потоа се разговараше за позициите на НСДП во евентуална предизборна коалиција како и за неизбежните последици кои ќе мора да ги плати режимската власт за децениското криминално владеење со државата.
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.