Постапувајќи по предлогот на училишниот одбор на ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани, број 02-368/2 од 10.10.2016 година, Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски донесе Одлука според која дипломираниот професор по физичко воспитување Ивица Цимбаљевиќ се именува за директор на истото училиште со мандат од 4 (четири) години, сметано од 21.12.2016 година.

Одлуката е донесена врз основа на член 50 став 1 точка 16 од „Законот за локална самоуправа“ и член 132 став 1 од „Законот за основно образование“.

Инаку ова е втор мандат на Ивица Цимбаљевиќ на функцијата директор во ОУ „Малина Попиванова“, училиште кое за неговиот досегашен мандат се издигна и прерасна како едно од водечките во општината. Со добро координирана работа, еднаков однос кон работниот кадар, ОУ „Малина Попиванова“ во изминатите четири години имаше таков просперитет што стана училиште за почит.

С. Ивановски

DSCN8452

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари