Според дневниот билтен на МВР, вчера (Вторник) околу 14:30 часот во с. Долни Подлог – Кочанско од засега непознати причини настанал пожар во помошна просторија (плевна) сопственост на Д.С. (85).

Во помошната просторија пронајдена била почината неговата сопруга Љ.С. (84). Д.С. обидувајќи се да ја спаси Љ.С. се здобил со телесни повреди (изгореници во пределот на лицето и телото) и бил пренесен во МЦ-Кочани каде бил задржан на лекување.

Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ од Кочани.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС –    Кочани. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари