Со секој изминат ден, со секој изминат месец, состојбата со започнатата црква „Благовештение“ е се полоша.
Овој храм кој помпезно беше најавуван од тогаш штотуку избраниот Градоначалник на Општина Кочани Ратко Димитровски како ветување за граѓаните на Кочани кои живеат во населбата „Драчевик“ денес е во истата состојба како и пред четири години.
За потсетување, темелите за изградба на „Благовештение“ беа поставени на 11.10.2009 година како дел од манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз 2009“. По нешто повеќе од три години објектот се направи во вид на карабина, и овде завршија работите.
Сега околината на објектот е обрасната во трева, почнуваат да се покажуваат првите проблеми со ѕидовите, што значи дека сликата на самиот објект е загрижувачка.
Дали некогаш и кој ќе биде тој што ќе го заврши објектот не може никој да претпостави, но факт е дека изградбата на црквата „Благовештение“ беше дел од неколкуте изборни циклуси на Градоначалникот и неговите сопартијци.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.