Натпреварот од 3-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток „Осогово“ – „Овче Поле“ кое се одигра на 18.09. оваа година на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани и заврши со победа на гостите од 2:1 уште ја разбранува фудбалската јавност во „градот на оризот“

Причината е што виновникот за тој пораз, главниот судија Дарко Стојанов не доби никаква казна за двата недосудени пенали за домаќините, додека „жетварите“ освен што останаа без бодови на тој натпревар, сега ќе мора и да ја полнат касата во Третата Фудбалска Лига – Исток по изречените дисциплински мерки од страна на Дисциплинскиот Комесар Добре Марков.

Да потсетиме. За време на натпреварот токму недосудениот втор пенал за домаќините ги вознемири гледачите па од трибината на теренот летна и по некое пластично шише а се создаде и гужва на трибините во која беше инволвиран Контролорот на натпреварот Ванчо Коцев.

DSCN3576

Коцев не го казни судијата Стојанов (и двајцата се од Штип) за лошата арбитража, но „Осогово“ си заработи казна според прописите.

Дисциплинскиот Комесар Добре Марков почитувајќи ги пропозициите го казни домаќинот (Осогово) со 150 евра за фрлање предмети на теренот и дополнителни 200 евра за немирите на трибините во кои беше инволвирано и службено лице.

Трите бодови без кои „жетварите“ останаа на тој натпревар досега ги чинеа многу, но со сегашната парична казна се намали и онака тенкиот буџет на клубот.

Дали и понатака судиите кои ќе судат на штета на фудбалската игра ќе бидат толерирани и дали клубовите и понатака ќе плаќаат казни за иритираната публика од страна токму на тие судии, не знаеме, но факт е дека додека оваа потава (барем поголемиот број од нив) хара во Третата Фудбалска Лига – Исток така ќе биде, а кога ќе дојдат кога-тогаш промените убедени сме дека тие нема ниту на стадионите да се појавуваат, бидејќи ќе немаат тогаш никаква корист, а без да заработат тие не сакаат да си го губат времето.

С. Ивановски

DSCN3566

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари