Иако на денешната 53-та седница на Советот на Општина Кочани советниците требаше да дебатираат по десет точки од дневниот ред таа заврши експресно, за неполн половина час.

Ако некој заинтересиран граѓанин влезеше во салата на Советот на Општина Кочани и сакаше да слушне што ќе се дебатира од советниците од позицијата и опозицијата, за жал ќе го слушаше само гласот на Претседателот на Советот и неговите четири прашања: „бара ли некој збор, кој е ЗА, има ли ПРОТИВ и  има ли ВОЗДРЖАНИ“.

Така денешната седница траеше неполн половина час, откако претходно на координација беше договорено така да биде.

Но иако седницата траеше релативно кратко, на советниците кои денес при гласањето беа побрзи и од најбрзите болиди нема да им биде никаква пречка да си го подигнат паушалот во висина од 200 Евра и да си го збогатат домашниот буџет.

Нека им е на здравје.

С. Ивановски

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари