Повеќе нема дилеми, пингпонгарите на „Кочани“ цврсто чекорат кон „Супер лигата“. Тие во денешниот натпревар од 3-тото коло на Првата пингпонгарска лига како домаќини ја совладаа екипата на „Струга“ со 5:2 и со максимален број на освоени бодови 6 (шест) и одличен сет количник 15:03 цврсто стојат на првата позиција.

Со три победи на Ефремов и по една на Тодосиев и Христов беше совладан денешниот противник кој во досегашниот тек од првенството се чини дека му пружи најголем отпор на кочанскиот прволигаш.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари