Денес во средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ од Кочани беше одржана работилница на тема „Што е афоризам и како се создава“. Во работилницата учествуваа ученици, професори и директорот на училиштето и Јане Атанасов, Ружа Стојмилова Ванчо  Арсов, Миле Ѓоргиоски и Славица Цветкова членови на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“ со седиште во Кочани. Целта на оваа работилница беше да се популаризира овој краток литературен жанр и да се поттикнат младите да го создаваат.

Оваа работилница која се одвиваше во рамките на часот по македонски јазик и литература е втора ваква работилница одржана во Кочани. Првата беше одржана минатата година во СОУ „Ѓошо Викентиев“ во Кочани. Во текот на оваа учебна година повеќе часови на кои ќе се зборува и презентира афоризмот ќе бидат одржани во основните и средните училишта во  Кочанско, Виничко и Штипско.

unnamed (5)

unnamed

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари