Почитувани граѓани,

Формирањето на македонската револуционерна организација е повод да им оддадеме почит на сите што се бореа, го дадоа својот живот и ја поддржаа македонската револуционерна борба.

Борбата за политичка и социјална слобода за Македонија е визијата што обедини граѓани од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност.

23 Октомври е симбол на континуитетот на организираната борба на македонскиот народ за стекнување сопствена, независна држава Македонија.

Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Градоначалник на Општина Кочани

Ратко Димитровски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари