Веќе подолг период улицата „Стево Теодосиевски“, една од најфреквентните улици во градот претставува потенцијална опасност за минувачите а посебно за дечињата кои посетуваат настава во блиските училишта, како и оние кои се запишани во некои од клубовите кои ја користат „Спортската сала“ за тренирање и одигрување на натпревари.

Надвиснатите ќерамиди од најстарата куќа на улицата, немањето на патека за пешаците, паркираните возила кои ги користат пералните како и постојаното минување на коли и автобуси внесува немир и кај родителите чии деца ја користат улицата кога одат на училиште, на тренинг и кога се враќаат дома.

3

Иако пред две години овој проблем беше поставен како советничко прашање на една од седниците на Советот на Општина Кочани, до ден денес надлежните немаат ама баш ништо превземено освен ширењето на демагогија дека работат на случајот.

Денес при посета на улицата од неколкумина минувачи а и дечиња кои одеа и се враќаа од училиште слушнавме дека со став го поминуваат овој дел и дека се плашат за својата безбедност.

Еден од сопствениците на една од пералните кој пак се понуди да зборува за ова настаната состојба не информираше дека вината не е до нив туку во надлежните служби од општината. Како што истакна, тој е спремен да понуди на општината бесплатно дел од неговиот имот само да се направи тротоар по кој безбедно ќе поминуваат минувачите.

6

Добро е што на улицата на стравот и хаосот досега се нема нешто потешко случено бидејќи не дај Боже да дојде до такво нешто тогаш секој на секого ќе ја префрлува вината.

Ако сакаме да им помогнеме на нашите дечиња и на нашите сограѓани  крајно време е некој да почне поинаку да размислува за доброто на сите.

Искрено се плашиме дека и оваа улица ќе биде дел од изборните ветувања во кампањите, а по завршувањето на изборите иста песна нека се снаоѓа секој онака како знае и умее додека се движи по улицата „Стево Теодосиевски“.

С. Ивановски

2

5

 

4

7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари