Во натпревар од 11-тото коло од Првата Фудбалска Лига, во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ околу илјада гледачи присуствуваа на неинтересен и за наши прилики просечен натпревар.

Кога за сите деведесет минути играчите на обете екипи ќе упатат по 2 до 3 удари кон голот на противникот тогаш од фудбал речиси и да немало ништо.

Е токму таков натпревар денес одиграа „Брегалница“ и „Пелистер“. Првото возбудување се случи дури во 20’ но проектилот на Флорин заврши над голот. Пет минути подоцна Темелков си создаде убава можност, но неговиот удар по земја Пашовски успеа да го скроти. Во 37’ шанса и за Битолчани, но ударот на Бујчевски од тешка позиција заврши покрај левиот дирек на Ристовски.

DSCN7868

Второто полувреме налик на првото. Првата шанса ја имаше Здравков во 50’, но неговиот слободен удар заврши покрај десниот лев агол на Пелистерци. Само десет минути подоцна денес мошне добриот Бујчевски биеше со глава, домашниот голман беше фатен во расчекор, но топката заврши покрај левиот дирек во гол-аут. Најзрелата шанса ја имаа гостите на девет минути пред крајот на средбата но Трифуновски биеше од свртување а топката заврши во пречката.

Судијата Јосип Бартон со своите помошници немаа тешка задача бидејќи и двете екипи играа мошне фер и коректно па она што требаше да го отсуди го направи според фудбалските правила.

С. Ивановски

DSCN7815

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари