Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, во кое „Осогово“ по победата во Радово и поразот на „Плачковица“ во Македонка Каменица се искачи на втората позиција со три бода помалку од водечката „Беласица“ но и со натпревар повеќе.

„Жетварите“ триумфираа над „Здравје Радово“ со погодокот на Тодоров во првото полувреме. Според она што го дознаваме екипата на „Осогово“ играла мошно добро а неговите напаѓачи не искористиле голем број на поволни прилики за гол што на крајот можело и да им се освети.

Резултати од 9-тото коло:

„Напредок Здравје“ – „Осогово“  0:1

„Слога 1934“ – „Беласица“  0:2

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  1:0

„Малеш“ – „Брегалница Голак“  2:1

„Кит Го Пехчево“ – „Рудар“  6:0

„Василево“ – „Овче Поле“  1:1

„Конче Бирлик“ – „Работник“  0:3

Слободна во ова коло е екипата на „Тиверија

По 9-тото коло на табелата води „Беласица“ (56:03) со 24 бода, пред „Осогово“ (21:06) со 21, „Овче Поле“ (34:08) и „Плачковица“ (23:04) со по 18, „Каменица Саса“ (21:10) 16, „Кит Го Пехчево“ (16:13) 15, „Работник“ (11:09) 13, „Малеш“ (21:17) 12, „Тиверија“ (11:13) 11, „Брегалница Голак“ (13:15), „Напредок Здравје“ (12:14) и „Василево“ (10:22) со по 9, „Слога 1934“ (09:24) 6, „Рудар“ (05:34) 1 и „Бирлик Конче“ (05:76) 0 бодови.

Во следното 10-то коло екипата на „Осогово“ е слободна.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари