Со враќањето на „Рудар“ во Третата Фудбалска Лига – Исток се врати и интересот за фудбалот во Пробиштип и тоа на сите полиња.

Така во првиот ден од овој викенд во организација на Судиската Комисија при ОФС Пробиштип беше спроведен испит за нови фудбалски судии.

На „Градскиот стадион“ во Пробиштип кандидатите полагаа теоретски дел и практичен за добивањето на прва и втора категоријата.

Од вкупно 9 (девет) судии, 7 (седум) положија додека еден не го помина теоретскиот дел а другиот физичката подготвеност.

Оние што го положија испитот ќе можат во иднина да бидат делегирани на натпреварите во Третата Фудбалска Лига – Исток и во Општинската лига – Пробиштип.

Со влегувањето на „Рудар“ во Третата Фудбалска Лига – Исток и со новиот фонд на судии во ОФС Пробиштип, фудбалот полека почнува да се враќа во овој рударски град, во кој во изминатиот период се играше и те како добар фудбал а од редовите на „Рудар“ многумина играчи заминаа во неколку европски фудбалски клубови.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари