Во Дневниот билтен на МВР за случувањата по натпреварот „Брегалница“ – „Пелистер“ одигран во Кочани стои.

На 23.10.2016 година (Недела) околу 16:40 часот во Кочани, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Брегалница“ и ФК „Пелистер“, кој се одиграл на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Имено, автобус со навивачи на ФК „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал после поминати околу 100 метри.

Од истиот излегле околу 20-30  навивачи на ФК „Пелистер“ кои се упатиле кон паркирани автобус на ФК „Брегалница“ и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот.

Од страна на полициски службеници од ПС Кочани било интервенирано и спречени биле останатите навивачи да излезат од автобусот, но биле физички нападнати од поголем број на навивачи.

При интервенцијата со телесни повреди се здобиле шест полициски службеници и навивачи кои биле пренесени во Клинички центар Кочани за укажување на лекарска помош.

За кратко време бил воспоставен Јавниот ред и мир, а навивачите со автобусот биле препратени до Штип.

Во врска со настанот биле приведени  П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), сите од Битола.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На www.youtube.com излезе видео од немилиот настан во Кочани каде дел од навивачката група на „Чкембари“ се судри со полицијата и обезбедувањето. Снимката е направена од автобусот на битолските навивачи.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари