Месните Одбори на ОО на СДСМ од Кочани евидентираа вкупно 52 кандидати кои рамноправно влегуваа во трката за изборот на Пратеник во Собранието на Република Македонија на претстојните Парламентарни избори кои се закажани за 11 Декември оваа година.

Сите евидентирани се согласно Статутот на партијата, а со своите биографски податоци се препратени до централата на СДСМ каде ќе бидат повикани на интервју по што ќе се знае чие име ќе се најде на гласачкото ливче.

Истовремено беше објавен и Оглас, но од ОО на СДСМ од Кочани не знаеја дали некој се јавил по истиот, бидејќи тој своите податоци по писмен пат ги доставува до централата.

Кому ќе му се насмевне среќата да се најде на Гласачкото ливче ќе се дознае на 06.Ноември кога е закажан 21-риот Конгрес на партијата на кој ќе бидат и верификувани листите на пратеници, а дотогаш стрпливо ќе чекаме.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари