По само два месеци од своето формирање, џудистите на ЏК „Гладијатор 2016“ од Кочани почнаа да ги бележат и првите резултати. Систематското работење на тренерот Драган Шеќероски почна да излегува на виделина.

Во неделата на Државното првенство за пионери и млади до 23 години што се одржа во Прилеп, „Гладијатор 2016“ настапи со 8 натпреварувачи од кои 5 во машка и 3 во женска конкуренција, кои освоија вкупно седум медали од кои 1 златна, 3 сребрени и 3 бронзени. Единствениот натпреварувач кој остана без медал се пласираше на 5-тото место.

Златниот медал го освои Христијан Павлов, а додека сребрата се најдоа на градите на Драгана Савева, Моника Стојменова, и Јована Арсова.

Стефан Митев, Андреј Давитков и Никола Стојменов се носители на бронзите.

Освоените медали несомнено претставуваа голем успех за младите џудисти од Кочани, но и поттик дека со работа ќе можат да дојдат до уште поголеми остварувања.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари