За следната Недела (06 Ноември) БК „Спартак“ го закажа 20-тиот по ред Меморијален турнир во борење „Андонов-Колев“.

Турнирот ќе се одржи во „Спортската сала“ во Кочани, а на истиот своето учество го најавија екипите на: „Балканец“ (Штип), „Бучим“ (Радовиш), „Борец“ (Велес), „7-ми Мај“ (Прилеп), „Неготино“ (Неготино), „Лирија“ (Скопје), и домаќинот „Спартак“.

Се очекува на душекот да се појават околу 40 борачи кои ќе настапат во сите категории во кадетска и пионерска конкуренција.

По завршувањето на борбите ќе бидат прогласени „Најдобар борач“ и „Најдобар техничар“ за кои организаторот обезбеди пехари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари