Центарот за Јавно Здравје (ЦЈЗ) од Кочани обезбеди 2.300 висококвалитетни проверени холандски вакцини против сезонски грип за граѓаните од регионот што го покриваат: Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Делчево со Македонска Каменица.

Вакцинацијата започна на 26 Октомври (Среда) и истата се препорачува на сите граѓани, а пред се на високо ризичните групи (хронични болни, со срцеви, белодробни и метаболни заболувања), на помлади со намален имунитет кои често подлежат на горно респираторни инфекции, на лица над 60 години како и на оние кои професионално имаат многубројни контакти.

Вакцината се прима на доброволна база и истата чини 400,00 денари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари