Ракометарите на „Младинец“ од Кочани, генерација 2002/2003 го освоија трето место на ракометниот турнир што се одржа во Кавадарци.

Освен „Младинец“ од Кочани и домаќинот „Тиквеш“ (Кавадарци), на турнирот учествуваа и екипите на „Вардар“ (Неготино) и „Бисинов“ (Велес).

Во првиот полуфинален натпревар кочанчани беа поразени од домаќинот со 18:21 додека „Вардар“ во второто полуфинале го совлада „Бисинов“ 14:11.

Во борбата за третото место „Младинец“ – „Бисинов“ 19:13 а во финалето „Тиквеш“ – „Вардар“ 19:10.

Од таборот на „Младинец“ искажуваат задоволство од учеството на турнирот и од освоеното трето место, но и потенцираат дека против домаќините ракометарите на „Младинец“ со доста трема влегле на натпреварот што се одразило за голем број направени грешки во одбраната и нападот.

С. Ивановски

1

14804712_10202247562467467_867550288_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари